282
Мечот на Стемфорд Бриџ имаше фантастичен почеток, по само осум минути игра Хендрик со одличен волеј му донесе водство на Барнли од 1-0.
Но шест минути подоцна Челси веќе водеше со 2-1, Канте изедначи во 12. минута, а Игуаин постигна убав гол во 14.
Но веќе во 24. минута по една убава акција која почна од прекин, Барнс го изедначи резултатот и ги постави конечните 2-2.
Во продолжението од мечот Челси се обидуваше повторно да даде гол, но не успеа, освои само бод од планирани три.
Со овој кикс Челси си го загрози пласманот во топ четири, но во Лигата на шампионите има опција да се квалификува и преку Лига Европа доколку ја освои.