218
Фулам славеше со 3-1 против Брентфорд на „Крејвен Котиџ“ во лондонското дерби од петтото коло во Премиер лигата. Домашните до победата стигнаа со пресврт уште во првото полувреме.
Гостите поведоа преку Дамсгард во 20. минута, но Фулам брзо одговори. Следуваше гол на Ивоби со кој израмни во 38., а само две минути подоцна Вилсон погоди за 2-1.
На почетокот од вториот дел несреќниот автогол на Пинок ја зголеми предноста на 3-1.
До крајот Муниз постигна уште еден гол, но ВАР го поништи. Со оваа победа Фулам има осум бода и е седмопласиран, додека Брентфорд остана со четири на 17. место.