Фулам и Ипсвич ремизираа во натпревар со три пенали (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипите на Фулам и Ипсвич во рамките од 20. коло во Премиер лигата одиграа возбудлив натпревар во кој ремизираа 2:2, а дури три гола беа постигнати од пенали.

Фулам беше подобар противник во првото полувреме и создаде повеќе прилики, но гостите од својата прва посериозна прилика преку Смодич постигнаа гол за водство. Така со предност од еден гол Ипсвич замина и на паузата.

Во второто полувреме видовме три гола и сите беа постигнати од белата точка. Прво Раул Хименез донесе израмнување за Фулам во 69. минута, но само две минути подоцна видовме пенал на спротивната страна кој го реализираше Делап.

Успеа Фулам сепак повторно да дојде до израмнување и тоа во првата минута од судиското продолжение кога Хименез уште еден беше сигурен реализатор на уште една најстрога казна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани