1,3K
Eкипите на Фулам и Ипсвич одиграа одличен натпревар во рамките од 20. коло во Премиер лигата, а во овој натпревар видовме и нешто што никогаш претходно не се случило во Премиер лигата.
Имено, за првпат во историјата на најсилната англиска конкуренција беа изведени два пенали во период од 21 секунда ефективна игра.
Раул Хименез ги постигна двата гола од белата точка за Фулам, додека за Ипсвич стрелаа Семи Смодич и Лијам Делап. Хименез првиот пенал го реализираше во 69. минута, додека Делап израмни на ист начин две минути подоцна.
Но, помеѓу двата пенали имаше само 21 секунда ефективна игра.