Фудбалско лудило во август, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Милан и Фенербахче во Скопје

by
0 минути читање

Како никогаш досега месец август ќе биде полн со фудбалски големци кои доаѓаат во нашиот град.

На 8. август во Скопје ќе се одржи Суперкупот, на Арената „Филип Втори“ ќе истрчаат Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Неколку дена подоцна, на истиот терен ќе дојдат Милан и Фенербахче. Италијанскиот гигант ќе игра против Шкендија, додека турскиот големец ќе се сретне со Вардар.

Според ждрепката и Вардар и Шкендија се домаќини на првите плејоф средби, па најверојатно некој од нив наместо во четврток својот меч ќе го одигра во вторник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×