Вчерашниот пораз против Албанија во Лесковац му пресуди на Драган Стојковиќ – Пикси кој повеќе не е селектор на српската фудбалска репрезентација.
Пикси по вчерашниот порази достави оставка до Фудбалскиот сојуз на Србија, а од таму денеска потврдија дека таа е прифатена.
„По поразот на нашата репрезентација од селекцијата на Албанија во Лесковац, селекторот Драган Стојковиќ понуди оставка на својата функција и нема да патува со екипата на мечот од квалификациите за СП против Андора. Фудбалскиот сојуз на Србија му се заблагодарува на Драган Стојковиќ за се што направи во овие 4,5 години на чело на репрезентацијата, пред се за пласманот на Светското и Европското првенство, како и на освојувањето на првото место во Б-дивизијата во Лигата на нации и опстанок во елитата. Веднаш по враќањето од Андора, в петок ќе заседава Извршниот одбор на ФСС кој во согласност со надлежностите и стандардната процедура ќе ги донесе сите натамошни одлуки во врска со промените во националниот тим“, се вели во дел од соопштението на Фудбалскиот сојуз на Србија.
Након синоћњег пораза наше репрезентације у Лесковцу, селектор Драган Стојковић понудио је оставку на своју функцију и неће путовати са екипом на утакмицу квалификација за Светско првенство против Андоре.
— Fudbalski savez Srbije | FA of Serbia (@FSSrbije) October 12, 2025
Вођење „А” репрезентације Србије на наредној утакмици квалификација за… pic.twitter.com/OKeszo0HOH
На мечот против Андора кој се игра во вторник, селекцијата на Србија ќе ја води Зоран Мирковиќ кој е селектор на младата репрезентација на нашиот северен сосед.
Според српските медиуми, најголем фаворит за нов селектор е Вељко Пауновиќ кој неодамна доби отказ од кормилото на Овиедо.