Фудбалската федерација на Македонија го суспендира ОФС Кичево

by 24 фудбал
1 минути читање

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница меѓудругото изрече двегодишна суспензија на Општинскиот фудбалски сојуз Кичево.

ФФМ информираше дека за време на суспензијата на ОФС кичево ќе му мируваат правата од членство вклучително и учество на делегатите на ОФС Кичево на Собранието на ФФМ. Но, фудбалските клубови, фудбалерите, судиите и контролорите нема да трпат последици и тие ќе продолжат со своите активности.

„Поради грубо кршење на одредбите од Статутот на ФФМ, Управниот одбор на ФФМ донесе одлука на ОФС Кичево да му се изрече суспензија во траење од две години. За време на суспензијата, на ОФС Кичево му мируваат правата од членство, вклучително и учеството на делегатите од ОФС Кичево на Собранието на ФФМ.

Членовите на суспендираната членка нема да трпат спортски последици. Фудбалските клубови, членки на ОФС Кичево, продолжуваат со натпреварување во истиот ранг на тековното првенство, а во сезоната 2026/27 во рангот каде оствариле пласман.

Фудбалските судии и контролори, членови на ОФС Кичево продолжуваат со активно вршење на функцијата на листите каде се наоѓаат согласно правилата за судии и судење. Комисијата за регистрација на ОФС Гостивар е задолжена до носење на наредна одлука да ги извршува сите активности за клубовите и фудбалерите членови на ОФС Кичево“, се вели во соопштението на ФФМ.

Одлуките на УО при ФФМ може да ги прочитате на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×