Фудбалска поезија во 26 додавања: Целиот тим на Барса учествуваше во голот на Олмо (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Дани Олмо ја донесе Барселона во предност од 2-1 против Атлетико Мадрид, Шпанецот финишираше акција која траеше повеќе од една минута, сите 11 фудбалери учествуваа во неа и беа направени 26 додавања.

„Каталонците“ со 3-1 го добија дербито против Атлетико Мадрид и се зацврстија на лидерската позиција на табелата во Ла Лига.

Гостите поведоа со 0-1, но во продолжението од натпреварот, Рафиња изедначи на 1-1, Дани Олмо донесе 2-1, а во последните секунди од мечот, Торес ги реши сите дилеми за конечни 3-1.

Особено за истакнување е голот на Дани Олмо, кој е чиста фудбалска поезија.

Акцијата траеше повеќе од една минута, сите 11 фудбалери учествуваа во неа и беа направени 26 додавања.

Се започна со аут на Рафиња и додавање до Педри, Барса во неколку наврати беше приморана да враќа назад, топката стигна и до голманот Жоан Гарсија, потоа беше издржан високиот притисок на Атлетико за на крајот Олмо прецизно да бие покрај стативата за голема радост на „Камп Ноу“.

ФОТО: X/FC Barcelona

Можно е и ова да ти се допаѓа

×