Португалската „Примеира“
е под суспензија поради пандемијата од Ковид-19, како и во другите првенства,
досега се одиграни 24 кола по кои Порто е на лидерската позиција со 60 бода, а
следат Бенфика со 59, Брага со 46, односно Спортинг Лисабон, каде што настапува
нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, со 42 бода во водечката четворка.
Претходната
седмица се договорија деталите околу продолжување на сезоната во ова првенство,
а се поставија и условите по кои натпреварите би можеле да се одиграат во
продолжение, по протоколот од властите, односно одлуката која претходно беше
донесена на 30. април.
Во Португалија
веруваат дека продолжувањето на активностите кај спортистите би било добар
пример за нешто позитивно по хаосот кој го предизвика пандемијата од
коронавирусот, а по разгледувањето на сите аспекти, падна одлука 25. коло во
Португалија да се одигра на 4. јуни, со што актуелната сезона може да продолжи
од идниот месец.