Лео Меси уште еднаш покажа колку фудбалот може да биде едноставен, Аргентинецот со четири гола го деомолираше Еибар.
Резултатот беше отворен во 20. минута, Меси погоди од пенал за 1-0.
До крајот на полувремето Барса стигна до 2-0. Паулињо скокна највиско по еден корнер и ја затресе мрежата на гостите.
На стартот од вториот дел, Суарез погоди за 3-0, а гостите успеаја да реализираат една шанса, Енерич стрелаше прецизно за 3-1 во 57. минута.
Потоа на сцена стапи Лео Меси, Аргентинецот во 59 минута беше опколен од неколку играчи, но во свој препознатлив стил биеше неодбранливо по земја покрај стативата за 4-1.
180 секунди подоцна тој погоди одново, по двојно додавање со Паулињо, низ нозе му ја протна топката на гостинскиот голман за 5-1.
Точка на натпреварот Лео Меси стави во 87. минута кога по една акција со Алеш Видал, рутински ја смести топката во мрежата на Еибар.