„Фудбалот е чуден, Јоветиќ го одби Реал па две недели подоцна доживеа тешка повреда”

by
2 минути читање

Популарниот
„Петел“ има одлична сезона во дресот на Торино со 25 погодоци во Серија А, па
го привлече вниманието на голем број гиганти од Европа.

Минатата недела
се појавија информации дека Торино одбил понуда вредна 60 милиони евра од
Челси.

Во договорот на
напаѓачот има откупна клаузула вредна 100 милиони евра и Торино ја бараа оваа
сума за да се раздели со Андреа Белоти.

Останува да види
каква ќе биде иднината на Италијанецот, а неговиот соиграч Адем Љајиќ со
интересна анегдота му порача дека треба да направи мега трансфер доколку добие
примамлива понуда.

„Доколку сум на
местото на Белоти, што би направил доколку добијам мега понуда? Парите не се се
во животот, но тие се важни
– вели Љајиќ.

„Доколку добијам понуда за плата од 6-7 милиони евра, нема да размислувам ниту една минута, веднаш ќе ја прифатам понудата.

„Ќе ви кажам една интересна приказна. Кога играв во Фиорентина, мојот соиграч Јоветиќ доби понуда од
Реал
.

„Преферираше да
остане во Фиренца па го одби Реал. Две недели подоцна заработи тешка повреда на
коленот
о”.

„Фудбалот е чудна
игра во која се случуваат вакви работи, па секоја шанса мора да се искористи
.

„Да, Јоветиќ пак
направи одлична кариера, но кој знае што ќе се случеше доколку завршеше во
Мадрид
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани