Фудбалот донесе забрзано ширење на Ковид-19, тврди пензиониран француски доктор

by
1 минути читање

Француски доктор
инсистира на тоа дека дуелот помеѓу Лион и Јувентус во осминафиналето од Лигата
на шампионите во февруари предизвикал ширење на коронавирусот во Франција.

Марсел Гаригу-Граншам,
пензиониран доктор од Лион, во интервју за „Газета дело Спорт“ наведува дека
фудбалот на некој начин се покажал како забрзувач на ширењето на пандемијата со
Ковид-19.

Тој натпревар не
требаше воопшто да се игра, истиот донесе навивачи од цела Италија во Лион,
фудбалот практично на некој начин се покажа како забрзувач на епидемијата
“ вели
тој во интервјуто за италијанскиот весник.

Докторот инаку
јавно објави податоци кои покажуваат дека во и околу Лион настанала „експлозија“
од случаи на заболени од Ковид-19 само две седмици по тој натпревар.

„Ле Парисиен“ пак
пренесе загриженост околу уште еден меч во Лигата на шампионите, поточно,
станува збор за оној помеѓу
ПСЖ и Борусија Дортмунд на 11 март, меч кој иако
се играше без публика на трибините, но, вон арената имаше над 5,000 домашни
навивачи.

Што се однесува пак до дуелот помеѓу Лион и Јувентус, првата пресметка ја доби францускиот прволигаш со минимална победа, реваншот во Торино е одложен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×