Новинарот Фабрицио Романо очекува Манчестер јунајтед до крајот на следната недела да добие зелено светло за ангажман на Брајан Мбеумо, напаѓачот стои на дадениот збор и не го интересираат други клубови.
„Ѓаволите“ месец дена се обидуваат да го ангажираат Брајан Мбеумо и Фабрицио Романо очекува трансфер сагата конечно да заврши следната недела.
На почетокот од јуни месец, Манчестер јунајтед достави понуда вредна 45 милиони фунти, плус додатни 10 милиони фунти во бонуси, предлог кој веднаш беше одбиен.
Клубот од Олд Трафорд потоа на маса стави 55 милиони фунти, плус додатни 7,5 милиони фунти во бонуси, но и овој предлог беше одбиен.
Двата клуба продолжуваат активно да преговараат и како што пренесува Фабрицио Романо, копјата се кршат околу бонусите, колкав процент да бидат лесно остварливи бонуси, а колкав процент да бидат потешко остварливи бонуси, како и структурата на исплатата, Брентфорд сака веднаш да добие што поголем дел од сумата.
Фабрицио Романо очекува Манчестер јунајтед до крајот на следната недела да добие зелено светло за ангажман на Брајан Мбеумо. Во прилог на „ѓаволите“ оди и тоа што фудбалерот стои на дадениот збор, сака само преселба на Олд Трафорд и не го интересира друг клуб.
ФОТО: X/Manchester United
