Фудбалерот што ги посрамоти младинците, сега им се заканува и на сениорите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Нашата млада
фудбалска репрезентација за играчи до 21 година остана „закована“ на дното од
квалификациската група „7“ за пласман на Европското првенство во Италија идната
година, а за разочарувањето да биде уште поголемо е фактот што дури и Гибралтар
е пред нас на табелата со три бода, исто колку и нашите надежи.

Единствените три
бода Гибралтар ги освои токму во сензационалната победа од 1-0 против нашата
млада селекција, а фудбалерот кој ја посрамоти тогаш фудбалска Македонија, Грем
Ториља се најде во составот на сениорскиот тим на Гибралтар за мечот на 6
септември на стартот од Лигата на нации.

Кога сме веќе кај
составот на аутсајдерот, во него се најдоа многу аматери кои настапуваат во
тамошниот домашен шампионат, меѓу нив е и административецот Џозеф Чиполина,
неговиот брат Рој кој работи како цариник, а има и полицаец во името на Ли
Каскиаро…

Нашите сениори во
групата „4“, освен Гибралтар, се во друштво и на Ерменија и Лихтенштајн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×