Фудбалерот на Атлетик Билбао кој го победи ракот падна на допинг тест поради бизарна причина!

by 24 фудбал
1 минути читање

Стоперот на Атлетик Билбао, Јерај Алварез, паднал на допинг-тест по мечот против Манчестер Јунајтед во полуфиналето од Лига Европа.

30-годишникот сам ја сподели информацијата преку социјалните мрежи и објасни дека во неговото тело е пронајдена забранета супстанца од лек што го користел како превенција против губење коса. Тој истакна дека супстанцата е внесена ненамерно, а лекот го користел со години поради проблемите со алопеција, кои му се појавиле по победата над ракот на тестисите.

Дисциплинската постапка е во тек и поради доверливоста нема да давам дополнителни изјави и привремено сум суспендиран“, порача Алварез.

Атлетик Билбао се огласи со соопштение во кое изрази жалење за „човечка грешка“ и додаде дека клубот нема право да коментира додека трае истрагата.

Фото: Athletic Bilbao/Twitter

Можно е и ова да ти се допаѓа

×