Од редовите на Шкупи со емотивна објава се простија од својот фудбалер Андреј Лазаров кој животот го загуби во болница по повредите здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани.
Како што информираа од неговиот клуб, Лазаров се задушил во чадот и тоа додека се обидувал да помогне на други присутни.
„Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент“, стои меѓу другото во објавата на Шкупи.