Фудбалерот кој блескаше и рушеше рекорди во Бундеслигата ги лажирал своите години?!

by Стефан
1 минути читање

Јусуфа Мукоко пред неколку години блесна во Борусија Дортмунд и се најавуваше дека може да биде новата ѕвезда на европскиот и светскиот фудбал, но денес на 20 години настапува за ница како позајмен фудбалер.

Сега „Билд“ дојде до информации дека всушност тој е четири години повозрасен отколку што на јавноста и е познатоа.

Исто така се пренесува и изјава на неговиот татко Хозе Мукоко кој тврди дека всушност тој не е неговиот биолошки татко.

„Јусуфа Мукоко не мој биолошки син. Исто така не е роден на 20 ноември 2004 година во Јунде. Му набавив лажен документ во Јунде. Тогаш заминав во амбасадата и му извадив пасош, па во Германија го доведов како син. Тој всушност е роден 19.07.2000 година. Го подмладивме четири години, па на документите пишува дека е роден во 2004 година. Мојата сопруга беше вработена во агенција која работи за Евоник, спонзор на Борусија Дортмунд, а јас бев вработен директно во клубот. Така добивавме пари секој месец. Не работевме“, изјави Хозе Мукоко.

Мукоко од самите почетоци рушеше рекорди, а во Бундеслигата до 17 години запиша 83 гола и 14 асистенции, додека на 23 натпревари во генерацијата до 19 години стигна до бројка од 44 гола и 10 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани