1,3K
Женската фудбалска репрезентација на Македонија со убедлив пораз од 4:0 од Косово ја започна новата сезона во Лигата на Нации.
Македонските репрезентативки немаа никакви шанси во натпреварот кој се играше во Скопје каде што гостинските фудбалерки беа подобри на теренот и заслужено дојдоа до победата.
Во првото полувреме видовме еден погодок, стрелаше Бикај, додека во вториот дел истата фудбалерка постигна и втор гола, а погодуваа уште Метај и Фетај.
Во нашата група покрај Косово е уште и селекцијата на Летонија.