Фудбалерките до 19 години поразени од Норвешка на стартот од елитните квалификации

by Стефан
0 минути читање

Во воведниот натпревар од елитниот квалификациски турнир за фудбалерки до 19 години, што се игра во Шкотска, младата селекција на Македонија претрпе пораз од Норвешка со 3:0.

Скандинавките, кои важат за едни од главните фаворити за првото место, рано го отворија резултатот, Џули Стен погоди уште во 8. минута. На стартот од второто полувреме, по само три минути игра, Ина Раум Андреасен зголеми на 2:0, додека Ана Малмин го постави конечниот резултат со гол во 58. минута.

МАКЕДОНИЈА: Комненова, Додевска, Крстева (66′ Димчова) , Ристевска, Боризоска, Емини, Трендова, Накова, Коловска, Митковска (80′ Настова), Попески (73′ Симјанова).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×