1,1K
Maкедонската фудбалерка Улза Максути ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата и денеска го комплетираше трансферот во Турција.
Фудбалерката која игра во нападот и ккао десно крило ќе го носи дресот на Унје Кадин.
Станува збор за клуб кој се натпреварува во најсилната турска Суперлига и по 13 одиграни кола се наоѓа на 11-та позициција.
Максути во кариерата досега настапуваше за ЖФК Истатов и ЖФК АС Јунајтед. Во репрезентацијата на Македонија ги помина сите младински категории.