Фудбалерка на Барселона ја фати противничката за меѓуножјето и ја праша – „дали имаш пенис“! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во Шпанија во овој период во центарот на вниманието е скандал кој се случи во женскиот фудбал во натпреварот помеѓу Еспањол и Барселона.

Имено, во натпреварот помеѓу Барселона и Еспањол, фудбалерката Мапи Леон во еден момент ја фати за меѓуножјето противничката Даниела Каракас и сето тоа го забележаа камерите.

Двете фудбалерки пред изведувањето на еден корнер беа во дуел, Каракас ја удрила Леон која во тој момент возвратила со тоа што ја фатила за меѓуножјето, но и се обидела да ја испровоцира прашувајќи ја „дали има пенис“.

„Ние од Еспањол сакаме да го изразиме нашето незсдоволство и да осудиме одредени случувања во дербито со Барселона. Вакви работи за нас се неприфатливи и не смеат да поминат неказнето“, порачаа од Еспањол по натпреварот.

Еспањол исто така на својата фудбалерка и понудил правна помош во случај да сака да отвори постапка против Леон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани