Фудбалерите вечерва го почувствуваа тревникот на кој утре не треба да загубат (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го одработи последниот тренинг пред клучниот натпревар на гости против Велс во квалификациите за Светското првенство

Иако Висар Муслиу отпадна од комбинација, а на Јани Атанасов и понатаму му се проценува состојбата, атмосферата на тренингот во Кардиф беше на исклучително високо ниво. Фудбалерите кои му стојат на располагање на селекторот Благоја Милевски се мотивирани и веруваат дека можат да донесат резултат што во овој момент ѝ е потребен на Македонија.

Нашата репрезентација во последното коло ја брка целта, доволен е и еден бод за да се обезбеди второто место во групата, што би значело и поповолен противник во плејофот на патот кон Мундијалот.

Натпреварот во Кардиф утре го играме во терминот од 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×