Фудбалерите со „тешки нозе“ се подготвуваат за натпреварите со Лихтенштајн и Велс (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Македонските репрезентативци ги одработуваат подготовките за натпреварите со Лихтенштајн и Велс кои минуваат во една поинаква атмосфера за разлика од претходните.

Додека целата земја е со мислите кон семејствата и настраданите во трагедијата во Кочани, фудбалерите се подготвуваат и ќе се обидат да донесат барем малце задоволство во овој тежок период.

Против Лихтенштајн Македонија игра на 22 март во Вадуц од 15 часот, додека три дена подоцна ќе го пречекаме Велс во терминот од 20:45 часот.

Претходно од Фудбалската федерација на Македонија информираа дека поради актуелната ситуација активностите на фудбалерите во медиумите ќе биде сведени на минимум.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×