Фудбалерите се запознаа со барањата на Седлоски – го одработија првиот тренинг во Скопје! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

По денешниот собир, македонската репрезентација веднаш се фати за работа, одработувајќи го првиот тренинг во тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во рамки на подготовките за бараж дуелот против Данска.

Селекторот Гоце Седлоски на располагање имаше речиси комплетен состав, со исклучок на неколкумина фудбалери чие пристигнување се очекува во теков на вечерта. Меѓу новите имиња веќе се приклучија Себастијан Херера, Имран Фети и Дени Мусовски, додека во тимот се враќа и искусниот Бобан Николов.

Пред македонските фудбалери е еден од клучните предизвици во последните години, пресметката со Данска во Копенхаген, закажана за 26 март. Евентуална победа ќе значи чекор поблиску до пласман на Светското првенство, каде во финалниот бараж Македонија би се соочила со победникот од дуелот меѓу Ирска и Чешка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×