Фудбалерите и тренерите на ФК Вардар ќе имаат бесплатен паркинг во општина Центар откако денеска потпишаа договор за соработка со ПОЦ.
„Денеска потпишавме договор за соработка со најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија ФК Вардар. Со овој договор ПОЦ обезбедува бесплатно паркирање на територијата на општина Центар за сите спортисти и тренери од ФК Вардар.
Поддршката за развој и унапредување на спортот е важна за спортските клубови, но и за сите нас како граѓани на Македонија, со оглед на тоа што спортот е еден од најзначајните амбасадори на секоја држава.
На фудбалерите на Вардар им посакуваме голема победа во утрешниот натпревар против ФК Копенхаген во Лигата на шампионите“ – изјави директорот на ПОЦ, Саша Богдановиќ.