Фудбалерите на Уругвај земаа кислород среде натпревар за да го „преживеат“ мечот во Боливија (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Гостувањето во Боливија е најтешко за јужноамериканските ривали на оваа земја бидејќи стадионот се наоѓа на 4.100 метри надморска височина.

Воздухот е редок, па оние кои не се секојдневно на вакви услови, имаат проблеми со дишењето.

Овој факт за Боливија е предност бидејќи сите гостински репрезентации мака мачат.

Така беше и на дуелот меѓу Боливија и Уругвај кој заврши без голови, 0-0.

Во еден момент гостинскиот играч, Хозе Марија Хименез мораше да земе кислород среде меч за да го продолжи натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани