Фудбалерите на Скендербег ќе поделат богата премија при евентуален триумф над Партизан

by
1 минути читање

Според информациите кои ги пренесуваат дел од медиумите
кај нашиот западен сосед, се шпекулира дека претседателот на Скендербег им
ветил премија на фудбалерите на тој тим, и тоа, ни помалку ни повеќе, туку по
100.000 евра од играч за евентуална победа над српскиот претставник
.

Евентуално реми би носело премија од по 50.000 евра за
фудбалерите на албанскиот претставник кои сега се чини дека имаат голем стимул
за извлекување на поволен резултат против својот ривал.

И двете екипи засега имаат по еден бод во групата,
Партизан загуби од Динамо Киев со 2-3 пред своја публика иако имаше водство за
победа, а ремизираше на гости кај Јанг Бојс со 1-1.

Од друга страна пак, Скендербег со истиот резултат
ремизираше на домашен терен против швајцарскиот Суперлигаш, додека загуби кај
Динамо Киев со 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани