Фудбалерите на Сити си направиле „Бунга бунга“ забава, во Манчестер донеле 22 девојки од Италија! (ФОТО)

by
1 минути читање

Поради згуснатиот
распоред во Премиерлигата за празниците, Пеп Гвардиола ја забрани
традиционалната божиќна прослава. Но според пишувањата на Сан, играчите со задоцнување организирале забава и по победата од 1-6 над Астон Вила малку
повеќе се опуштиле.

Таблоидот вели
дека играчите во Манчестер донеле 22 инстаграм модели од Италија, ги сместиле во
луксузниот Мер Голф Ресорт и Спа и потоа со автобус биле пренесени на „тајната
локација“ на забавата.

Сан додава дека Пеп
Гвардиола дозволил фудбалерите да имаат слободна вечер и мала прослава, но не
знаел дека ќе се организира „Бунга бунга“ забава, а веста сигурно нема да им се
допадне и на сопругите и девојките на играчите, кои очигледно не биле присутни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×