Фудбалерите на Шкупи скршени од болка, клубот го откажа денешниот тренинг (ФОТО)

by Стефан
2 минути читање

Екипата на Шкупи денеска требаше да се продолжи со тренинзите и подготовките за предизвиците во продолжение од сезоната, но тренингот кој требало да се одржи бил откажан на барање на фудбалерите.

Фудбалерите како што информираат од клубот од Чаир се појавиле на тренингот, но скршени од болка поради загубата на соиграчот Андреј Лазаров кој беше една од жртвите во трагедијата во Кочани.

На клупската страна клубот објави и фотографии на кои може да се види тагата кај фудбалерите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани