Фудбалерите на Саутемптон со донација од платата ќе го перат срамот од поразот од 9-0!

by
0 минути читање

Фудбалерите на Саутемптон и целиот стручен штаб ќе ја донираат петочната дневница за хуманитарни цели.

Во петокот тие беа понижени како никогаш досега, го доживееа најголемиот пораз во историјата на клубот откако на Сент Мери загубија со 9-0 од Лестер.

Клубот потврди дека петочните примања на фудбалерите и стручниот штаб ќе завршат како донација во хуманитарни цели.

Иако се работи само за приходи од еден ден, дневниците на фудбалерите во Премиерлигата се огромни, па се верува дека ќе се собере значителна сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×