Фудбалерите на Реал Мадрид се договорија да земат намалена плата

by
1 минути читање

Членовите на првиот тим на Реал Мадрид, фудбалерите, но и кошаркарите ќе добијат намалени плати за 10 до 20 проценти, намалени примања ќе имаат и функционерите во клубот.

Тоа што ќе биде одземено од нив ќе послужи за за да се намали ударот од кризата и плата да добијат останатите вработени во клубот.

„Фудбалерите и тренерите на фудбалскиот и кошаркарскиот прв тим на Реал Мадрид водени од нивните капитени, заедно со клупските директори самоиницијативно се договорија за намалување на нивните плати оваа година за 10 до 20 проценти“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.

„Одлуката на играчите, тренерите и директорите, ќе допринесе да биде избегнат негативен ефект кон останатите вработени“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×