118
Српскиот клуб Раднички е во жалост по ненадејната смрт на својот тренер Младен Жижовиќ, кој трагично го загуби животот за време на натпреварот против Младост Лучани, а тимот од Крагујевац реши на посебен начин да му оддаде почит.
Фудбалерите на Раднички, меѓу кои и македонскиот интернационалец Лука Станковски, до крајот на календарската година ќе настапуваат во целосно црни дресови и на домашен и на гостински терен во чест на Жижовиќ.
Жижовиќ го презеде Раднички на крајот на минатиот месец, само две недели пред трагичниот настан. Во својата кариера како тренер, го водеше и македонскиот шампион Шкупи.