141
Фудбалерите на
грчкиот гигант Панатинаикос се решија да преземат радикални мерки поради
неисплатените плати, па во знак на протест решија да не присуствуваат на
тренинг.
Од информациите
кои пристигнуваат од таму, фудбалерите на ПАО немаат добиено плата уште од
октомври ланската година, а претседателот на клубот, Василис Константину добил
рок до декември, исто ланската година, да ги исплати, во спротивно нема да ги
види на тренинг.
Јанис Алафузос,
поранешниот соственик на клубот се повлече од истиот, па така настанаа големите
проблеми за грчкиот гигант кој ги преживува најтешките денови во својата
клупска историја.