Фудбалерите на Монако мораа да се соблечат по гаќи поради дефект на климата во авионот! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Играчите на Монако имаа несекојдневна ситуација при патувањето кон Белгија каде го играат првиот натпревар од Лигата на шампионите против Клуб Бриж.

Летот беше принудно откажан поради дефект на клима уредот во авионот што предизвика вистински хаос во кабината.

Температурата во авионот достигнала неподносливо ниво, а играчите биле приморани да се соблечат по долна облека.

Откако летот бил откажан, фудбалерите беа фотографирани како излегуваат по гаќи на пистата.

Тренерот Ади Хутер изјави дека остануваат во Монако и следниот ден патуваат кон Бриж.

„Безбедноста е приоритет, затоа решивме да не ризикуваме“, изјави стратегот на францускиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×