Жозе Мурињо сака да го задржи одличниот тимски дух, па во Стокхолм ќе
патуваат сите играчи, дури и оние со потешки повреди.
Златан Ибрахимовиќ, Лук Шо, Маркос Рохо и Ешли Јанг неодамна беа оперираани и
користат патерици за да одат, но и тие ќе бидат на трибините на Френдс Арена.
„Сите ќе патуваат” –
вели менаџерот на Манчестер јунајтед. „Имаме неколку играчи кои одат на патерици, но и тие ќе патуваат!”
„Имаме фантастична
група и фантастичен тимски дух од почетокот на сезоната”.
„Заедно имавме
тешка авантура со многу натпревари”.
„Во патувања,
играње натпревари и престој во хотели поминавме повеќе време отколку дома,
бидејќи 60 натпревари значи 140 дена во хотели, па заедно бевме половина година”.
„Тоа е можно само
кога тимскиот дух е одлчен”.
„Јанг, Шо, Рохо и
Златан се на патерици, но сите сме заедно!”