369
Медиумите од Италија
пред некој ден пренесоа дека капитенот Џорџо Кјелини им се јавил на сите соиграчи
да ги извести дека платите мора да се намалат. Сезоната е суспендирана поради
пандемијата на коронавирус, приходи нема па кратење на платите е неопходно за
клубовите да опстојат.
Јувентус вечерва
соопшти дека е пронајден заеднички јазик, фудбалерите и тренерот на првиот тим
прифатиле да се откажат од четири месечни плати, односно од примањата за март,
април, мај и јуни.
Ваквиот потег ќе значи
заштета од околу 90 милиони евра. Доколку сезоната продолжи и натпреварите се
доиграат, клубот ќе покаже добра волја и соодветно ќе ги надомести.