Фудбалерите го одработија тренингот во Ереван (ФОТО)

by
1 минути читање

Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација е во одлична серија, избраниците на Игор
Ангеловски по потврдата на фаворитската улога против Лихтенштајн на домашен
терен со 4-1, утревечер јуришаат на позитивен исход од гостувањето кај
Ерменија.

Ерменија е во шок
од поразот пред своја публика од аутсајдерот Гибралтар (0-1) а тој исход ни
даде прилика да го потврдиме првото место во групата, дури и со бод по трите
максимални победи во групата „4“ од Лигата „Д“ во Лигата на нации.

Со последниот
тренинг на арената „Републикан Стадиум“ во Ереван, нашите фудбалери ги завршија
подготовките за утревечерната пресметка која стартува со почеток од 18 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×