Фудбалерите ги стартуваа подготовките за натпреварите со Саудиска Арабија и Лихтенштајн (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација денеска го почнува подготовките за септемвриските натпревари во кои ќе играме против Саудиска Арабија на4 во Прага и дома со Лихтенштајн три дена подоцна.

Македонија влегува во продолжението на квалификациите со одлична форма: по четири одиграни средби, селекцијата е лидер во групата со осум бодови. Велс е на второто место со седум, Белгија има четири ( со два натпревари помалку), Казахстан собра три (еден помалку), додека Лихтенштајн сè уште е без бодови.

Селекторот Милевски одлучи на овој собир да им даде шанса и на двајца дебитанти., Елмин Растодер од швајцарски Тун и Решат Рамадани од Шкендија се приклучуваат кон националниот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×