Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска одигра без голови (0-0) на гостувањето кај Косово, во првиот од двата пријателски дуели меѓу двете селекции.
Натпреварот кој се одигра на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина мина во знакот на поголема иницијатива од домашниот тим, но избраниците на селекторот Горан Станиќ без поголеми проблеми ја сочуваа мрежата, а Косоварите не успеаја да создадат посериозна закана по нашиот гол.
Реваншот е закажан за 31 мај со почеток во 15 часот, кога Македонија ќе биде домаќин на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Овој дуел ќе биде нова прилика за младите „рисови“ да покажат напредок и подготвеност пред продолжението на натпреварувачките обврски.