Фудбалерите до 19 години со пораз од Белгија го отворија турнирот во Португалија

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Македонија до 19 години со пораз од Белгија (0-1) го започаа настапот на квалификацискиот турнир за ЕП во Португалија.

Белгија е фаворит во групата заедно со домаќинот Португалија, а тоа го покажа и на теренот, денеска, иако нашите надежи долго време одлеваа на нападите на противникот.

Клучниот момент се случи на 20-тина минути пред крајот кога 18-годишниот напаѓач на Клуб Бриж, Јанис Мусај ја погоди нашата мрежа.

За три дена избраниците на селектоорт Ерхан Селими ги чека уште еден тежок предизвик против домашната репрезентација, додека во последниот натпревар од групата ќе се соочиме со Естонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×