Во Барселона и понатаму се мачат со финансиската ситуација поради која и не можат да ги регистрираат Пау Виктор и Дани Олмо, па така во фокусот на клубот се фудбалери кои остануваат без договор.
Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Барселона следи четворица фудбалери кои би можела на лето да ги доведе како слободни. Двајца се од редовите на Баерн, Џошуа Кимих и Лерој Сане, како и Хјун Мин Сон од Тотнем и и Џонатан Та од Баер Леверкузен.
Дефанзивецот на Леверкузен практично е речиси договорен и тој трансфер наскоро би требало да биде потврден бидејќи фудбалерот ги договори личните услови.
Но, Ханси Флик побарал од раководството на Барселона да му биде доведен и напаѓач кој во следниот период би го замени Левандовски.