Македонската фудбалска репрезентација ќе ја заокружи 2025 година на 66. позиција на најновата ФИФА ранг-листа.
Во однос на претходниот месец, „црвено-жолтите“ бележат мал пад од едно место, со оглед на тоа што тогаш се наоѓаа на 65. позиција. Сепак, споредбата со крајот на 2024 година носи позитивен биланс, бидејќи Македонија сега е рангирана за едно место повисоко.
Нашата селекција моментално има 1.378,57 бодови, што ја сместува веднаш зад Хондурас, кој има 1.379,54 поени, додека зад Македонија се наоѓа репрезентацијата на Зеленортските Острови со 1.370,49 бодови.
Следниот сериозен тест за националниот тим следува во март, кога Македонија, со новиот селектор Гоце Седлоски на клупата, ќе настапи во полуфиналниот бараж против Данска.
На врвот на ФИФА листата нема промени, прва останува Шпанија, а во топ пет се уште Аргентина, Франција, Англија и Бразил.