Трагедија го потресе фудбалскиот тим од втората лига на Бурунди. За време на натпревар одигран минатата сабота во Националниот технички центар во Нгарага, фудбалерот на Игиранез, Аиме Герик, одеднаш се струполи на теренот.
И покрај брзата интервенција на медицинските екипи, младиот играч починал додека беше транспортиран во болница.
Фудбалската федерација на Бурунди изрази сочувство до семејството и неговиот клуб, Лес Гепје ду Лак, но не ја наведе причината за смртта во официјално соопштение.
Сепак, според изјавите на неколку сведоци на натпреварот, причината за смртта е бизарна – играчот од средниот ред наводно имал паричка во устата што ја проголтал, која му ги блокирала дишните патишта, јавуваат неколку африкански медиуми.
Според „Радио Публик Африкан“, не станувало збор за обична паричка, туку за таканаречен „грис-грис“, амајлија или талисман поврзан со разни ритуали на вештерство. Иако самиот играч се бранел во претходно интервју од обвинувањата за користење на вакви практики, употребата на волшебници и специјални предмети за среќа е длабоко вкоренета во бурундискиот фудбал.
Целиот случај предизвика повици од јавноста и фудбалската заедница да се истражат сите околности и да се стави крај на опасните ритуали. Сепак, федерацијата досега молчи и не понуди никакво дополнително разјаснување за овој трагичен настан.