166
Фудбалерот на Виљареал, Томас Парти се очекува вечерва да настапи за Виљареал на гостувањето кај Тотнем во Лигата на шампиони, но нема веднаш да се врати во Шпанија, ќе остане во Лондон за утре да се појави пред суд по обвинувањата за силување.
Томас Парти изминатово лето го напушти Арсенал и беспари се пресели во Виљареал.
Тој вечерва ќе се врати во Лондон, „жолтата подморница“ гостува кај Тотнем во Лигата на шампиони.
Но фудбалерот од Гана нема веднаш да се врати во Шпанија со останатиот дел од делегацијата на Виљареал и ќе остане во британската престолнина.
Томас Парти утре треба да се појави пред суд по обвинувањата за силување и сексуален напад.