Родриго Бентанкур може да добие суспензија до 12 натпревари откако ФА го обвини за користење на расистички коментари на адреса на соиграчот Сон Хеунг Мин.
Пред неколку месеци, на должност со репрезентацијата на Уругвај, Родриго Бентанкур сакаше да направи шега на сметка на Сон Хеунг Мин.
Како гостин во емисијата „Пор ла Камисета“, новинарот го праша Родриго Бентанкур дали може да му обезбеди дрес од Сон Хеунг Мин или некој друг, а фудбалерот од средниот ред рече: „Од Сони или некој негов братучед, горе-долу сите ми изгледаат исто на мене“.
Родриго Бентанкур подоцна се извини, и додека за Тотнем ова е завршена работа, ФА утрово соопшти дека е покренато обвинение.
Уругваецот се товари дека го прекршил правилото Е3, односно употребил јазик кој е навредилв и расистички и може да добие суспензија и до 12 натпревари.