54
По крајот на
сезоната во Премиерлигата, Емерсон се вратил во Сао Пауло и синоќа решил да
излезе и да се забавува со роднините и пријателите. Кога во раните утрински
часови го напуштил ноќниот клуб, доживеал кошмар.
Напаѓач му се
заканил со пиштол и побарал да му го даде часовникот и сите останати вредни
предмети или во спротивно ќе го убие.
Во целата
ситуација се вмешал полицаец кој не бил на должност и само неколку моменти
претходно се сликал со Емерсон. Започнала престрелка, била испукани 26 куршуми (17 од разбојниот и 9 од полицаецот) и
за среќа единствен кој бил погоден е разбојникот.