Фудбалер на Тотнем се најде во проблем: Се венчаше во Израел, сега не може да ја напушти земјата

by Стефан
1 минути читање

Израелскиот репрезентативец Манор Соломон кој е фудбалер на англискиот Тотнем, и неговата сопруга Дана Вошина се најдоа во незавидна ситуација, откако останаа заглавени во Израел по нивната свадба, поради ескалацијата на вооениот конфликт меѓу Израел и Иран.

Соломон, кој минатата сезона настапуваше како позајмен играч за Лидс јунајтед и имаше блескави настапи со десет гола и 12 асистенции, беше еден од најзаслужните за враќањето на клубот во елитното англиско друштво. По завршувањето на сезоната, тој стапи во брак со својата долгогодишна избраничка во луксузен комплекс недалеку од Тел Авив.

Но, плановите за меден месец на парот многу брзо пропаднаа. Поради затворањето на воздушниот простор и засилените безбедносни мерки, предизвикани од заканите за ирански напади, бројни авионски линии ги суспендираа летовите кон и од Израел.

И покрај тензичната состојба во регионот, младенците се на сигурна локација. Сепак, нивното враќање во Англија и приклучувањето на Соломон кон клупските обврски засега останува под знак прашалник и ќе зависи од ситуацијата помеѓу двете страни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×