Дефанзивецот на Штутгарт, Џеф Чабот не сакаше да размени дрес со фудбалерите на Реал Мадрид, вели дека има големо его и не сака да менува дресови по пораз.
Штутгарт синоќа излезе на мегдан против Реал Мадрид во Лигата на шампионите и ѕвезди како Мбапе, Винисиус Жуниор, Белингем, Родриго и многу други.
Многумина по крајот на натпреварот ќе побрзаат да разменат дрес, но не и дефанзивецот Џеф Чабот, за кого ова беше прв натпревар во најелитното европско натпреварување.
Во разговор со Билд, тој ја објасни својата реакција.
„Не сакам да менувам дрес по пораз. Моето его е преголемо. Не дојдов тука да изигравам навивач, дојдов да се натпреварувам и надигрувам“ – вели Чабот.
Тој потоа додаде: „Обично кога барам од некого да разминам дрес, тоа го правам за мојот татко. Тој секогаш е среќен, но за жал денеска ќе биде разочаран“.