Фудбалер на Шкендија може да направи трансфер во Германија!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Шкендија, Клинсман Цаке наскоро би можел да направи трансфер во Германија.

Според информациите, Цаке е на радарот на второлигашот Холштајн Кил кој минатата сезона испадна од Бундеслигата.

Цаке неодамна со настапите за Шкендија си обезбеди и дебитантски повик во албанската репрезентација за квалификациските натпревари во битката за Светското првенство.

Наводно, иформацијата била потврдена од извор кој е близок и запозаен со ситуацијата.

Покрај Шкендија, Цаке досега го носеше дресот уште на: Тирана во Албанија и Струга во Македонија

Можно е и ова да ти се допаѓа

×