Фудбалер на Севиља го претера, со безобразен старт покоси млад играч на Ливерпул (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Пријателскиот натпревар меѓу Севља и Ливерпул изобилуваше и со груби стартови, а во центарот на вниманието е Жорис Њањо.

Тој буквално со сета сила го шутна младиот Јасер Лароучи кој мораше да го напушти натпреварот поради силината на ударот. Стадионот го напуштил на патерици, но првичните информации се дека повредата сепак не е премногу сериозна.

По натпреварот на својот твитер профил, Њањо се извини. Тој напиша: „Би сакал јавно да му се извинам на Ливерпул, на фамилијата на фудбалерот и на навивачите. Ова беше ужасен потег од моја страна. Без разлика на причината, ова е нешто кое не смее да се гледа на теренот. Сите мои молитви се со играчот и неговата фамилија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани